Нова рунда разговори за Законот за јавно обвинителство и за СЈО

од desk4
155 прегледи

Уште една  средба меѓу преговарачките групи на власта и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство треба да се одржи денеска во Министерството за правда.

Новата рунда преговори  ја најави вчера премиерот Зоран Заев, изразувајќи надеж дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на Европската комисија.

Работните групи на власта и опозицијата  и покрај повеќето средби не се согласуваат  за концепетите  за законот за јавно обвинителство. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.

За усвојување на Законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

Премиеорт Заев најави дека е оптимист дека решение ќе има.