На руските државни медиуми се појави уште една застрашувачка нуклеарна закана за САД. Пратеникот во руската Дума, Алексеј Журављев, се пофали дека Путин може да го уништи целиот источен и западен брег со само четири проектили.
„Нема да остане ништо на брегот по ударот на двете ракети Сармат 2, наречени Сатана 2, а четири се потребни за да се уништат целите САД. Од Мексико ќе бидат видливи облаци во облик на печурка“, рекол Журавлев, пренесува „Дејли Мејл“.
Покрај тоа, Журављев се заканил дека ќе истреби два милиони Украинци, опишувајќи ги како „неизлечиви нацисти кои никогаш нема да бидат убедени да ја поддржат руската војна“.
Тоа е една во низата закани кои се појавија во медиумите во Русија.
Меѓу најновите е заканата на пропагандистката на Путин, Олга Скабеева, која на истата телевизија „Русија 1“, вели дека операцијата на Кремљ во Украина е при крај и дека започнала Трета светска војна во која Русија ќе го „демилитаризира НАТО“.
„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и НАТО како целина“, рекла таа.