Не се големи очекувањата ама сепак шансата за судиите и за Македонија се големи. Аболицијата и изборитена Груевски и само неговата ВМРО ПДМНЕ на нив , стасаа пред Уставен суд. Тоа е тој истиот Уставен суд кој пред два месеци му даде одврзани раце на Иванов да може да помилува криминалци од секаков вид, но друг нема.
Уставниот суд денеска или утре ќе расправа за две иницијативи , кои се од суштинско значење за идните насоки и текови на општествотои на меѓународната позиција на Македонија. Од оваа нивна одлука ќе зависи и брзината и последиците од разврската на кризата.
Едната иницијатива е на Талат Џафери од ДУИ кој побара да се прогласи неуставна одлуката за распуштање на парламентот. Тоа би отворило пат за негово свикување и одложување на изборите.
Втората иницијатива е од граѓанин кој бара поништување на аболицијата од Иванов.
И колку за илустрација да не заборавиме на 18 февруари годинава, тој со мнозинство гласови веќе отфрли таква иницијатива (една поднесена од Павле Трајанов и друга од Тодор Петров). Според Решението, основното образложние беше дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставносудска оценка.
И сега на потег е Уставниот суд на Македонија.