НОВА: Шефот на Алфите што го апсеше Бошкоски е дополнителен началник на единицата

од desk3
103 прегледи

Еден од осомничените во случајот „Тортура“, Ивица Антевски, познат под прекарот Пуки, кој раководеше со Алфите за време на апсењето на Љубе Бошкоски, во петокот на барање на заменик- министерот за внатрешни работи Митко Чавков, повикувајќи се на Договорот од Пржино, е назначен за дополнителен началник на единицата Алфи, а решението го потпишал министерот за внатрешни Оливер Спасовски, објави НОВА.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска најави дека е побарана предлог- мерка претпазливост за сите сите кои работат во МВР, а се осомничени во овој предмет.

“Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дене отвори донесе наредба за спроведување на истражна постапка против седум лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од чл. 142 став 1 од Кривичниот Законик.

Против сите лица, кои се во работен однос во Министерството за внатрешни работи до Основниот суд Скопје 1 Скопје ќе биде поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Ваквата мерка е предвидена со членот 146 став 1 точка 7 од Законот за кривичната постапка и сметаме дека во овој момент истата е неопходна како реакција на државата за дејствијата за кои постои основано сомнение дека ги извршиле осомничените.”-изјави на денешната пресконференција обвинителката Фатиме Фетаи

Во тоа време со Алфите раководеше Ивица Антевски, познат под прекарот Пуки, кој во февруари годинава беше сменет од оваа функција и на негово место е назначен Примислав Димовски, претходно припадник на единицата Тигри, а на јавноста и е познат и како неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петтото место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.