204
На социјалните мрежи се појавија нови видеа од експлозии на пејџери кои ги користеа членовите на исламистичкото движење Хезболах во Либан и дел од Сирија.
Вчера експлозиите осакатија многу членови на Хезболах, а ранетите кои беа примени во болниците имаа повреди на лицето и отворени рани на страните каде што носеа пејџери, а им беа скинати и прстите.
Би-би-си јавува дека Фирас Абијад, либанскиот министер за здравство, објавил дека според последните податоци загинале 12 лица, меѓу кои две деца на возраст од осум и 11 години.
Pager explosion #الضاحية_الجنوبية pic.twitter.com/dzRDWGDfRW
— 🇱🇧لبنيني (@Hanniba3il) September 17, 2024