Нова стимулација за зголемување на површините под житарици

од Берта Китинска

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство објави нова мерка од Националниот план за производство на храна со која се предвидува дополнителен стимул од 5.760 денари по хектар за земјоделците кои ќе засеат житни култури.

Од таму велат дека станува збор за дополнителна мотивирачка мерка за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед што ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети.

– Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат истата. Крајниот рок за аплицирање за дополнителната поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври годинава“, се вели во соопштението.

Донесениот Национален план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци.

Слични содржини