Нова стратегија: Словенија со „АстраЗенека“ ќе ја вакцинира и постарата популација

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Словенија ја менува стратегијата за вакцинација против ковид-19, па затоа ќе започне со употреба на вакцината на „АстраЗенека“ за постарата популација, објави во средата Јелко Кацин, државен секретар за вакцинација во владата на Јанез Јанша.

Според претходните препораки, оваа вакцина се користела само за лица под 65 години и за вакцинирање на неподвижни лица дома, без оглед на возраста, бидејќи оваа вакцина е постабилна и полесна за одржување во споредба со вакцините направени со технологија mRNA. Во последно време се користи за масовно вакцинирање на вработените во училиштата.

Во согласност со промените во стратегијата, за нова приоритетна група за вакцинирање ќе се земат најпрво лицата  над 60 години, а потоа на возраст над 50 години, додека вакцинацијата на лица над 75 години ќе заврши до крајот на оваа недела, објави Кацин.

Владата, рече тој, „ќе стори сé“ за да ги обезбеди потребните количини вакцина за целата возрасна популација, со цел таа да се вакцинира до крајот на јуни.

Слични содржини