452
Шпанска студија за комбинирање на вакцини против ковид 19 откри дека давањето доза Фајзер на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на АстраЗенека е исклучително безбедно и ефикасно, велат истражувачите.
Студијата Комбивакс, спроведена од шпанскиот државен здравствен институт Карлос III, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле вакцина Фајзер е помеѓу 30 и 40 пати поголем отколку кај контролната група на луѓе кои примале само една доза на АстраЗенека, пренесува Ројтерс.
Меѓу 600-те учесници во студијата, забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.