НОВА СТУДИЈА: Откриено е за колку време од вакцинацијата со Синофарм опаѓа бројот на антитела

од Берта Китинска
618 прегледи

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против корона вирус го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студија спроведена во Кина.

Студијата, која допрва треба да биде потврдена од други научници, е објавена во време кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, пренесе Гласот на Америка.

Пет месеци по ревакцинацијата со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70% во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, според студијата во која учествуваа здравствени работници.

Но, една недела по третата доза, концентрацијата на антитела повторно се зголемува.

Сепак, резултатите од студијата не покажуваат како третата доза влијае на различни видови на вирусот.Некои научници велат дека се потребни повеќе податоци за да се знае дали е потребна трета доза или не.

Слични содржини