Нова трагедија го потресе Мундијалот, уште еден новинар загина во Катар

од Nikola Popovski
268 прегледи

Еден ден откако фудбалскиот свет во шок ја прими веста за смртта на американскиот новинар Грант Вал, од Катар пристигна уште една трагична информација.

Како што објави порталот „Галф-тајмс“, локалниот фоторепортер на ТВ „Ал-Кас“, Калид ал-Мусалам починал додека ги пренесувал настаните од Светското првенство во својата татковина.

Не се соопштуваат повеќе детали, освен дека смртта настапила ненадејна.

За потсетување, Вал почина откако под се уште неразјаснети околности му се слоши при изведувањето пенали на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија.

Слични содржини