Нова трагедија на македонските патишта: Загина 45-годишен возач

Почина возач по нова тешка сообраќајка на патиштата низ земјава

од Nikola Popovski
17 прегледи

На 13.07.2025 во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од с.Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Слични содржини