Нова трагедија во ракометот: Почина Марко Божиновски

од Берта Китинска
510 прегледи

Уште еден млад ракометар почина.

Станува збор за Марко Божиновски, членот на Бутел Скопје. Младиот талент пристигна во Бутел од редовите на Металург пред три години.Тој беше дел од кадетската репрезентација.

Според информациите објавени во  повеќе медиуми, срцето на Божиновси за жал, откажало.

Пред неколку дена се случи друга трагедија, кога телото на голманот на Охрид, Никола Даниловски беше пронајдено во водите на Охридското езеро.

Слични содржини