Поради вмешаноста во „спроведувањето на антируската политика“, Русија забранува влез во земјата на осум високи американски функционери, меѓу кои има и шефови на безбедносните служби, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Како одговор на санкциите наметнати од американската администрација на 2 март годинава против руски официјални лица, на следните сегашни и поранешни високи американски функционери и лица вклучени во спроведувањето на антируската политика им е забранет влез во Русија: aмериканскиот државен обвинител Мерик Гарланд, директорот на американското Федерално затворско ниво Мајкл Карвахал, американскиот секретар за домашна безбедност, Алехандро Мајоркас, советници на претседателот на САД за домашна политика, поранешниот постојан претставник на ООН и помошник секретар за домашна безбедност, Сузан Рајс, директорот на ФБИ, Кристофер Реј и директорот на националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс “, објавило руското Министерство.
Русија исто така забранува влез на помошникот на поранешниот претседател Доналд Трамп за национална безбедност и постојан претставник на САД во ООН, Џон Болтон и поранешниот директор на ЦИА, Роберт Вулси.
„Земајќи ја предвид досега невидената природа на компликациите во руско-американските односи предизвикани од Вашингтон, донесена е одлука за отстапување од вообичаената практика на „нерасчистување“ на јавните противмерки преземени од руска страна“, се додава во документот.
Денес Министерството за надворешни работи на Русија објави список со сите контрамерки што Москва ги воведува кон Америка и Полска поради санкциите и протерувањето на руските дипломати.
Американската администрација претходно објави дека воведе санкции за шест руски технолошки компании, како и протерување на десет руски дипломати.
Во соопштението се прецизира дека американското Министерство за финансии вовело санкции против 32 правни и физички лица кои „се обиделе да влијаат на американските претседателски избори во 2020 година и извршиле други акти на дезинформација и мешање“.