Актуелно
Почетна / Локално / Нова урбана опрема кај драмски во Карпош 2

Нова урбана опрема кај драмски во Карпош 2

Општина Карпош поставува нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци во Карпош 2, во околината на новите тревни површини, спроти Драмски театар.

Откако неодамна, ЈП „Паркови и зеленило“ засади нова тревна површина во овој дел на Карпош, локалната самоуправа ја обновува урбаната опрема, а беше поставен и систем за наводнување на зеленилото.

На овој начин, локалната самоуправа продолжува да работи на креирање на маалски центри во секоја населба, чија цел е унапредување на маалскиот соживот.

loading...