Нова Уредба: Угостителските објекти, хотелите и мотели во земјава ќе бидат место за карантин

од Берта Китинска
298 прегледи

Владата на вчерашната седница ја донесе Уредбата со која законски се овозможува лицата да се ставаат во строга изолација (карантин) и во угостителските објекти (хотели, мотели), отстапени од приватните правни лица, сопственици на објекттие.

За објектите утврдени во оваа уредба со законска сила се утврдуваат режимите за обезбедување, посебните простории за лицата кои покажуваат симптоми на вирусот, критериумите за исхрана, доставата на пратки (пакети) за потребите на лицата на кои им е определено мерка строга изолација (карантин), мерките за дезинфекција, работата на персоналот или волонтерите, собирањето смет и други потребни технички работи.

Превозот на лицата на кои им е определена строга изолација (карантин), од граничните премини до објектите ќе се одвива во два термина: во 10:00 и во 20:00 часот, а од аеродромите од моментот на слетување.

Превозот на лицата го обезбедува Генералниот секретаријат на Владата.

Слични содржини