Нова женска тепачка во Скопје – овој пат пред маркет

од Nikola Popovski
310 прегледи

Откако пред два дена беше пријавена тепачка меѓу две повозрасни жени на автобуска постојка, МВР информира за нова женска тепачка. Според пријавеното, немилиот настан се случил пред маркет во населбата Гази Баба.

„На 02.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во близина на маркет на подрачје на Гази Баба била физички нападната со тврд предмет од З.Б.(58) од с.Јурумлери, скопско“, се вели во полициското соопштение.

Пред два дена во 07.23 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Кисела Вода – Скопје, по претходно недоразбирање, две женски лица У.С.(54) од с.Црешево, скопско и С.П.(56) од с.Раштак, скопско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

МВР презема мерки за расчистување на двата случаи.