213
Двократната светска шампионка во скијање слободен стил и најдобра спортистка на Белорусија во 2019 година, Александра Романовска денеска е донесена во Минск, соопшти белорускиот спортски солидарен фонд.
Фондот потсети дека Романовска беше меѓу повеќе од 2.000 луѓе од светот на спортот кои потпишаа отворено писмо од спортистите за фер избори и против насилство, пренесува Интерфакс.
Во соопштението се наведува дека нејзиниот автомобил бил запрен синоќа кога се враќала од тренинг и дека, според информациите од Фондот, била приведена.
Според Ројтерс, локалните медиуми објавија дека полицијата како причина за апсењето на Романовска навела „административен прекршок“.