Нова зима, Карпош повторно најзагадена „точка“ во Скопје: Зошто со години не се преземаат мерки?

од Milan1
52 прегледи

На „тромеѓето“ помеѓу Карпош 3, Карпош 4 и Градскиот парк вечерва е најзагадената точка во главниот град на земјава.

Според независни мерачи, најлошите ПМ честички, оние од 2,5, односно со аеродинамички дијаметар под 2,5 микрометри (µm) околу 20 часот се 144,  додека ПМ 10 се 147.  Генерално, Индексот за квалитет на воздухот е 192, при дозволени 100.

Овој дел од Карпош со години е еден од најзагадени во Скопје, иако е и најурбан, но депониите и дивите населби кои се на самиот Кеј и понатаму остануваат недопрени.

Општината Карпош, како и Градот, и понатаму тука дозволуваат истурање на шут и ѓубре, кое потоа знае да се запали и да прерасне во пожар. Покрај тоа, сиромашни граѓани со години тука прават „диви населби“ кои потоа се греат со секаков материјал, од кабли, гуми, пластика… кога температурите се околу нулата, како што е случајот вечерва.

До кога ќе се толерира оваа ситуација од надлежните и до кога карпошани ќе го дишат најканцерогениот воздух во зимскиот период? Дали уште една зима ќе се помине затворени во своите домови од страв дека можат да закачат сериозна болест?

ФОТО: ГРАД СКОПЈЕ/ЛОКАЛНО

Слични содржини