Главниот град на земјава, Скопје вечерва е вториот најзагаден град во Европа, според податоците на IQAir. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во главниот град е 141, односно се наоѓа во делот за „нездрав за сензитивни групи“.
Скопје е на 21-то место во светот по загадување вечерва или втор во Европа, веднаш зад Сараево, кој е на прво место во Европа и 16-ти во светот. Веднаш зад нас е Приштина (Косово).

Карпош секоја година е една од најзагадените опоштини во земјава, а тоа продолжува и под новото раководство на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во својата програма ги повтори флоскулите кои карпошани ги слушаат со години, кои, по се изгледа, и оваа зима ќе дишат отровен воздух.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека е потребно сериозно да се работи на основниот проблем со загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата.
„Ние треба сериозно да работиме на она што е базичен проблем во однос на загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата. И тука веќе имавме неколку средби со претседателот на Владата во однос на гасните централи што планираме да ги правиме во главниот град“, изјави неодамна Ѓорѓиевски.