Новак: Азилот на Груевски е во надлежност на унгарското правосудство

од Nikola Popovski

Унгарската претседателка Каталин Новак не даде конкретен одговор како поранешниот премиер Никола Груевски го добил азилот, иако е обвинет и поврзан со неколку случаи на корупција и се наоѓа на црната листа на САД.

-Случајот со Груевски е во надлежност за одлучување на нашето правосудство и јас многу се радувам што со мојата посета се уверив дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држава се развива успешно и дека имаме добри основи тоа и понатаму да се развива. Основите меѓу унгарските и македонските граѓани е на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања и односи, рече кратко Новак.

Груевски веќе пет години живее во Будимпешта откако доби политички азил од тамошните власти.

 

Слични содржини