Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, отпатува со семејството на Миконос, каде што одмара и ги „полни батериите“ за продолжението на сезоната, каде што го очекува US Open.
Папараците веќе го уловија Ѓоковиќ на една од плажите на ова популарниот остров и една од најатрактивните дестинации за патувања кога станува збор за познати спортисти, бизнисмени, актери…
Новак уживаше со своите деца и сопруга, си играше со своите наследници, а разменуваше и бакнежи со Јелена.
Подоцна сите заедно прошетаа низ главниот град Хора, кој е неверојатно убав и како од бајка, со тесни камени улички, со бели куќи каде прозорците и вратите се обоени во сино.
Се разбира, не можеше да помине без обожавателите да не го опкружат Новак за фотографија, а тој им излегуваше во пресрет и воодушеви многу дечиња кои го обожаваат.
Погледнете како изгледаше сето тоа во едно од видеата од вечерната прошетка на Ѓоковиќ со семејството низ центарот на Хора.