Последен пат љубителите на тенисот имаа можност да го видат Новак Ѓоковиќ на теренот на 10 јули, кога по финалето на Вимблдон го подигна пехарот наменет за победникот, веројатно најважниот турнир во светот на тенисот.
Најдобриот српски тенисер овојпат се реши да учествува на турнирот во Тел Авив од 25 септември, во конкуренција на двојки, несвојствено за него.
Новак Ѓоковиќ во двојки ќе игра со Џонатан Ерлих, со кој го освои единствениот трофеј во двојки во 2010 година, а причина за ваквата одлука е желбата да го увеличи крајот на професионалната кариера на Ерлих.
Треба да се напомене дека пред Тел Авив, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Лејвер купот во Лондон, по што ќе следуваат подготовките за Мастерсот во Париз кој започнува на 29 октомври.