394
За пет до 10 години светот ќе се соочи со недостиг од извори на енергија, бидејќи западните нафтени и гасни компании не инвестираат доволно, смета рускиот вицепремиер Александар Новак.
Новак во интервју за агенцијата ТАСС оцени дека компаниите треба да ја пренасочат добивката од дивидендите во инвестиции и на тој начин да одговорат на потезите на нивните влади.
„Многу западни нафтени и гасни компании веќе се претпазливи за сите овие процеси и ги пренасочуваат средствата за купување акции, наместо да инвестираат. Поради намалувањето на обемот на инвестициите, ЕУ во иднина нема да има доволно енергетски ресурси, а светот ќе се соочи со недостиг и нов циклус на криза“, смета Новак.