463
Поранешниот генерален секретар во Собранието, Александар Новаковски смета дека во четврток само еден пратеник може да одлучи.
-Целово тактизирање на сите е на штета на граѓаните и за мене е нелогично и непријатно, барем досега имавме ситијација. Кога веќе се поднесува оставка од функцијата премиер или претседател на партија, мислам дека можеше да се договорат идните чекори, како до излез од кризата. Сметам дека до четврток разрешница ќе нема. Ако се оди на тактизирање, тогаш може да дојде во ситуација кога ќе мора некој да ги седне лидерите на маса, иако дегутантно е да се зборува за посредување за да се реши проблемот. Не очекувам расплет и формирање на нова влада нема да оди лесно, вели тој во гостувањето на емисијата „Топ тема“.