Поранешниот претседател на Државната изборана комисија, и добар познавач на македонската политичка сцена, Александар Новаковски во интервју за „Локално“ вели, дека една од причините за големиот наплив на независни кандидати за советници и градоначаници кои ќе се борат за комуналната власт на 17 октомври, е затоа што го „намирисале“ моментот дека граѓаните се помалку сакаат да гласаат за една од двете политички опции кои им се нудат веќе 30 години. Тој вели, дека на гласачите им е „преку глава“ од градоначалници и советници, кои наместо да ги решаваат проблемите на локалната заедница, здружено „аминуваат“, интереси на „лоби“ групи, поддржани од некоја политичка опција.
За појавата дека на листата на независни кандидати се наоѓаат и градоначаници кои не ја добиле партиската поддрша за уште еден мандат, Новаковски вели дека тоа е показател дека никогаш не стивнуваат градоначалничките „апетити“ и покрај тоа што за време на мандатот не го оствариле ветеното.
Ако денот се познава по утрото, тогаш навистина не очекува жестоката предизборна кампања за локалните избори. Зошто локалните избори предизвикуваат толку голем интерес не само кај политичките партии туку и кај независните кандидати?
-До овие локални избори, секогаш само големите партии ги формирале советите, а потоа заедно здружени со „амин“ носат одлуки во интерес на лоби групи, особено во општините со интересни урбанистички планови. Граѓаните се сити од таквата политика и затоа на овие локални избори има толку голем број на независни листи на кандидати за советници. Сметам дека меѓу нив има и добронамерни независни листи на кандидати кои се самооргнизираат врз база на граѓански концепт. Нивната цел е да имаат конторола во донесувањето на одлуките „внатре“ во советите. И тоа е добро за демократизацијата. Ова не го говорам случајно, бидејќи факт е дека во општини со богати урбанистички планови, во кои царува градежната фела, одлуките се носат едногласно, од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тогаш нема никакви спротивставености и тоа лесно се проверува. Тие одлуки ги носат во свој интерес, а се правдаат дека биле во интерес на граѓаните.
Граѓаните веќе ја увидоа играта и сфатија дека станува збор за сериозни лоби групи кои имаат „пипци“ во големите политички партии. Ако со ваквиот концепт независните канидати освојат повеќе гласови, ќе им го нарушат мирот и лесното донесување на одлуки во интерес групите кои царуваат со урбнистичките планови. На пример во одредени градови, советниците преќутно поддржуваат сериозни малверзации, без никој да реагира. Секојдневното никнуваат објекти, но се пренаменуваат и разно разни простори. Граѓаните тоа го гледаат и гласно се прашуваат зошто преку ноќ се оградуваат парцели на атрактивни места, за кои не се знаат дури ниту инвеститорите. А од друга страна пак, пред јавноста, локалната власт се обидува да ги запази, на пример во Охрид, стандардите на УНЕСКО. Двојните аршини на партиските советници е всушносат причината зошто овојпат граѓаните сакаат да учествуваат во локалната власт, која досега била контролирана од политичките партии. Има случаи кога едно семејство не може да легализира семејна куќа и по 20 години.
Гледаме дека дел од актуелните градоначалници се самокандидираат за уште еден мандат. Имаме таков пример во Куманово, кога градоначалникот не дочека конечна одлука од партијата. Како ги коментирате ваквите примери?
-Тоа е всушност и втората причина, зошто имаме толку голем број на кандидати. Станува збор за одредени суети кои не можат да се помират да не бидат повторно кандидати иако имаат слаби резулати. Слушаме за разни партиски расколи. Тоа нормално дека се случувало и порано но, никогаш толку гласно, како некои сегашни високи партиски фунцконери. Тоа покажува дека не можат да се помират со анкетите.
Секако дека битката ќе биде повеќе за локалнте совети. Советничите листи може да одземат некој советник и тоа е добро бидејќи ќе се наруши овој концепт на меѓусебна поддршка кога станува збор за партиски интереси а не и за граѓански.
Говоревте за двете причини за големиот број на независни кандидати. Која е третата?
-Третата група независни кандидатски листи е поттикната токму од оние интересни групи за кои говорев погоре. Се сомневам дека токму таквите независни кандидати се и финансирани од разни лоби групации. Целтта им е да земат под своја контрола некој советник, кој подоцна може да биде клучен во донесување на одлуките во советите. Така тие ја имаат под конторала власта односно коалицијата во советите.
Накратко, каков ќе биде одзивот на овие локални избори. Дали граѓаните ќе излезат да го дадат својот глас?
Сметам дека нема да има голем одзив на локалните избори. Можеби во вториот круг, бидејќи ќе останат само по два канидати. Тогаш ќе биде тој притисок да се излезе на гласање бидејќи ќе има директно соочување меѓу кандидатите. Очекувам мирни избори, со многу приговори.
Каква кампања очекувате?
-Според мене кампањата повторно е почанта предвермено, и за тоа никој не реагира. Ваквата ситуација некако за сите е нормална. Да не беше ковидот сега ќе имавме буквално полни сали со транспаренти. Тоа покажува дека и овие локални избори ги претвараат како битки за освојување на терен за предвремени избори. Имајќи во предвид колку е тесно парламентарното мнозинство и нефункцоналноста на Собранието, позициите на политичките лидери е со голем влог на овие локални избори. Може да се случи некоја партија од поголемете да освои мнгоу помалку општини отколку што сметаат и затоа ќе мора да понесат одговорност. Тоа пак ќе овозможи да дојдат нови лица во политиката. Но, не сакам да прогнозирам кој ќе бидат тие лица. Дефинитивно со мнозинскиот систем тоа лесно може да се случи. За крај ќе кажам дека локалните избори се секогаш предизвик, со оглед дека станува збор мнозински систем за избор на градоначалници, а листите за советници се според пропорционален модел и завршуваат во првиот изборен круг. Во помалите општини очекувам локалните избори да завршат уште во првиот круг, а во поголемите градови како што се Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Охрид, Битола, сметам дека ќе има и втор круг и многу независни листи од кои некои, навистини се со одреден граѓански концеп. Со еден глас повеќе се добива градот, партиите тогаш ги бројат градовите а не гласовите.
Ќе има ли многу работа Државната изборна комсија?
– Очекувам многу приговори и сметам дека Државната изборна комисија ќе има многу притисоци на овие локални избори. ДИК, треба барем технички успешано да ја заврши работа, бидејќи секој проблем води, кон недоверба во изборните резултати. Како што се случи при објвувањето на резулатите на парламентарните избори. Видовме што се случи. Овојпат резулттите ќе мора брзо да се објават. Не смее да се остави простор бидејќи тоа ќе го наруши избориот процес. Затоа граѓаните ја губат довербата во изборните оргни. Не смее да затаи системот за објавување на резулатите.
Б.Т.