Новата мбасадорка на САД во РСМ, Анџела Агелер на својот Твитер профил сподели фотографија, на која ја фали штипската пастрмајлија.
„Една од работите на кои со задоволство се сеќавам и е вкусна – штипска пастрмајлија“, напиша амбасадорката.
Ова не е прв ангажман на Агелер во Македонија, која од 2011-2013 веќе работела како претставник за односи со јавност во американската амбасада. Претходно беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде служеше како в.д. амбасадорка, а на различни позиции била и во амбасадите во Париз, Ханој и Будимпешта.
„Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност и одлучно да се спротивстават на корупцијата“, рече новата амбасадорка на САД во Македонија при редавање на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.
Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира, рече пак премиерот Димитар Ковачевски на средба во Владата со новата американска амбасадорка во земјава.0