150
Мандатарот за состав на новата австриска влада, лидерот на Народната партија (ОВП), Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер, речиси постигнаа договор за формирање коалициска влада.
Австриските медиуми јавија дека останува отворено да се договорат за „неколку ситници“.
Според медиумите, Коглер ќе почне со кампањата за нова влада од 3 јануари со цел на конгресот на неговата партија да добие „зелено светло“ за неговиот договор за коалиција.
Собранието на Зелените е предвидено да се одржи на 6 јануари, така што новата влада може да се положи заклетва веќе наредниот ден, односно најдоцна до 9 јануари.
После вчерашната рунда преговори, Курц и Коглер рекоа дека целта е формирање влада до средината на јануари.