Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски денеска даде повеќе детали околу нова давачка „пристап до мрежа“ која ќе се најде на одредени сметки за струја. Таа ќе биде наменета пред се за сопствениците на викендици или напуштени куќи во планинските и руралните предели, односно имоти на лица кои со години се во странство.
Според Бислимоски, со новата одлука, мрежарината за дистрибуција би се намалила и за 20%.
-Целта е креативни решенија за да се заштити редовниот потрошувач. Некој што има викендица и ако месечно плаќа 100 или 150 денари е поправедно кон сите останати што редовно си плаќаат електручна енергија. Нема потреба секогаш да плаќаат тие што редовно и често си плаќаат. Ние овде во државата сме навикнати тој што е најчесен да плаќа секогаш. Вакви примери има во повеќе земји низ Европа. Се плаќа симболична цена за да им се помогне на редовните потрошувачи. Во следните години одиме во нова нормалност, рече Бислимоски на денешната прес-конференција во РКЕ.
Првиот регулатор е дециден потрошувачката на електрична енергија ќе има тренд на намалување.