Новата девојка на Лајонел Ричи е дури 9 години помлада од неговата ќерка, но тоа не е сè

од Vladimir Zorba

Американскиот музичар Лајонел Ричи (71) веќе некое време е во романтична врска со Лиза Париџи (30), а натписите на таблоидите сугерираат дека тие биле во врска од 2014 година, кога таа имала само 23 години.

Сепак, нивната разлика во годините неодамна го привлече вниманието на медиумите, откако на Твитер започнаа да кружат фотографии од музичарот и неговата партнерка, а некои скоро забележаа дека Париџи е всушност многу помлада од 39-годишната ќерка на Ричи – Никол Ричи.

Многумина на Твитер забележаа дека Ричи изгледа навистина одлично за своите години и дека тие се многу убав пар.

Париџи, која дури не беше родена кога ги објави класиците како „Easy“ и „Three Times a Lady“, по потекло е од Швајцарија, а сега живее во Лос Анџелес.

30-годишнита работела како модел и во корпоративниот сектор, а сега го води блогот Dream Design Discover. Таа е и основач и извршен директор на The Estate Collection, бренд што продава свеќи и миризливи масла.

– Тој има 71 година, таа има 30 години, љубовта победува – гласи коментарот на еден обожавател кој собрал најмногу лајкови.

Да потсетиме, освен Никол, Лионел Ричи има и помлада ќерка – Софија Ричи, која во последните неколку години беше во центарот на вниманието поради врската со Скот Дисик, кој е 15 години постар од неа, како и затоа што се дружи со кланот Кардашијан.

loading...

Слични содржини