Новата година е нова надеж за надминување на спорот

од Берта Китинска
378 прегледи

Новата година е нова надеж дека ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на државава во Европската Унија. Меѓувреме македонската страна останува посветена на реформите и воведувањето на европските стандарди дома, а црвените линии за македонскиот државен врв остануваат, тоа се јазикот и идентитетот.

Со исти очкување дека нови можни решенија за надминување на спорот се очекуваа следната година имаат и премерот Зоран Заев и и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Борисов на седница на неговата Влада на која беше донесена одлука дел од секое количество вакцини против Ковид-19 што стигнуваат во Бугарија, да биде наменето за земјава во форма на донација. Истите очекувања ги изнесе и премиерот Зоран Заев на презентацијата на Инцијативата „Акција 21“. Според Заев, надминувањето на проблемот со Бугарија и изнаоѓање решение е можно во првата половина на 2021 година.

Дека нашата земја е е подготвена за почеток на преговори со Европската Унија уште еднаш потврди шефот на дипломатијата, Бујар Османи

-Имаме навистина голем број пријатели внатре во Унијата, чии интереси за иднината на Европа се совпаѓаат со нашите. Тоа е обединета Европа, со Западниот Балкан целосно интегриран во Унијата и тие нѐ очекуваат да им се придружиме. И ние немаме алтернатива. Нашиот стратешки интерес останува ист – да донесеме повеќе Европа дома, а да ја однесеме Северна Македонија во ЕУ, истакна министерот за надворешни работи.

Специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски завчера во изјава за Телма посочи дека патоказот треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство.

-Во интензивна комуникација што ја правиме со Министерството за надворешни работи на Бугарија  очекувањето од наша страна е да ги добиеме евентуалните забелешки и дополнителни предлози за акцискиот план. Значи, патоказот или патната карта, како што ја нарекуваат, треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство. Мислам дека тоа би требало да го добиеме веќе после Нова година, што би било еден позитивен импулс дека ќе имаме нова, посериозна шанса би рекол пред парламентарните избори да видиме дали можеме да изнајдеме компромис за неколкуте отворени прашања, изјави Бучковски.

Натамошната поддршка на се уште актуелниот претседавач со ЕУ, Германија, вчера ја изнесе германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој во интервју за „Дојче Веле“ истакна дека неговата земја ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година.

– Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас.

Слични содржини