170
Денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека новата модерна монтажна болница во Велес од 700 м2 има капацитет од 47 кревети.
-Тука ќе има најсовремен рендген апарат како и апарат за ехо дијагностика. Оваа болница многу ја олеснува работата за колегите. Со нејзино ставање во функција се отвора можноста за реновирање на Инфективно одделение, кое беше планирано за лани, но поради тоа што е ковид-центар, мораше да се одложи, изјави Филипче.