Новата монтажна гаража во Кисела Вода со капацитет за околу 140 возила

од Stefanija Kuzmanovska

Општина Кисела Вода во периодот што следува ќе изгради монтажна гаража во населбата Расадник. Гаражата која ќе биде на два ката со вкупна површина од 1.500 м2, ќе располага со капацитет да прими околу 140 возила.

Во моментов, во тек е постапка за јавна набавка за избор на фирма изведувач на градежните работи, која ќе ја изработи и проектно техничката документација.

Од Локалната самоуправа за „Локално“ велат дека се свесни дека со изградбата на гаражата нема целосно да се реши проблемот со паркирањето, но ова ќе биде само почеток на решавањето на истиот.

На прашањето кога ќе биде пуштена во употреба монтажната гаража не добивме одговор.

Оттаму додаваат дкеа во иднина планирана е и изградба на катна гаража на четири нивоа.

Од општината вчера известија дека отпочнува изградба на нова монтажна гаража во Расадник.

Слични содржини