Новата песна на Мајли ќе ве натера побрзо да го преболите раскинувањето (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Поп-sвездата Мајли Сајрус веќе стана делумно позната по нејзините ултимативни „срцекршачки“ песни кои можат да послужат како идеално „гориво“ за вас да поминете низ тешко и болно раскинување. Нејзината нова песна „Midnight Sky“ само потврдува еден ваков наратив и дефинитивно ќе ви помогне да го заздравите скршеното срце во текот на викендот.

Имено, Мајли во текот на вечерта го претстави својот нов сингл, заедно со придружното видео. Новата песна е хит сингл од нејзиното второ„ ЕП“ од трилогијата „She is Miley Cyrus“ наречена „She is here“. Видеото, од друга страна, ја прикажува Мајли во нејзиниот необичен глам рок стил, а видеото ја опишува историската епоха во која се наоѓаме – забава каде што е само таа, изолирана и социјално дистанцирана поради пандемијата на коронавирус.

Пеејќи ги стиховите „Роден сум за да трчам, не припаѓам на никого, не – не, не ми треба твојата љубов“ – Мајли се враќа во своите корени „бангерс“ корени и им дава на своите обожаватели емотивна, рок-балада повторно објаснувајќи дека е повредена, но тоа таа успева да се справи со сите емоции што и надоаѓаат.

Американските медиуми наведуваат дека песната е за нејзиното раскинување со Лиам Хемсворт, нејзиниот поранешен сопруг со кого беше во врска повеќе од десет години, а со кого се раздели минатото лето, непосредно пред да стапи во врска со манекенката Кејтлин Картер, со која исто така се раздели само неколку месеци подоцна.

Во секој случај, Мајли има уште еден вистински хит. Слушнете ја песната подолу.

Слични содржини