Новата сезона во ракометното првенство почнува на 8 септември

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Новата сезона во машката Супер лига на Македонија ќе почне на 8 септември.

Сезонава во лигата има 10 екипи, и ќе се играат во регуларен дел 22 кола, потоа продолжува плејоф и плеј аут. Во разигрување за плејоф, првите 6 екипи пренесуваат бодови, од 5 за првиот, а последниот стартува без бодови.

До крајот на годинава треба да се одиграат 17 кола од регуларниот дел, потоа ќе има пауза поради ЕП. Се продолжува на почетокот на февруари 2022 година.

Плејофот почнува на 26 март и треба да трае до 29 мај.

Двојките за првото коло се:

Вардар – Скопје
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет

Слични содржини