Претседателот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџети денеска потврдил дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, поточно на 19 или 20 јуни. Меџити информирал и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.
„Ќе имаме двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, изјави Меџити“, рекол Меџити во изјава за ТВ Алсат.
Околу наводите дека ДУИ со поддршката за законите за државна управа и министерства, се обидува да се доближи до ВМРО-ДПМНЕ за да побара заштита од евентуален прогон, Меџити одговорил дека власта што доаѓа е стабилна и не треба да се валка со, како што вели, вакви политички акробации.
„Оваа влада има стабилност во бројки, каква што можеби немала ниту една друга влада од 90-тите. Нема потреба да се запленуваат или да влезат во нечии хипотеки. Затоа мислам дека овие движења и овие политички акробации се бескорисни“, нагласил Меџити.