Новата влада на Австрија на азилантите им ги зема парите и мобилните

од desk2
74 прегледи

Новата австриска влада која ќе ја води, по утрешното полагање заклетва, Себастијан Курц, планира бројни заострувања во правото на азил.

Во програмата на Народната партија на Австрија (OVP) и Слободарската партија (FPO), во делот на за внатрешна безбедност, наведено е дека сака да обезбеди мирен соживот на сите луѓе во земјата.

Миграциската политика треба да биде така конципирана да може да ги поддржува страните на населението.

Азилот треба, како што смета новата влада, да биде овозможен само за време на опасност по лицето на кое му е потребна заштита.

Планирани се промени во снабдувањето на бегалците. Така планирано е воспоставување на Сојузна агенција за пружање поддршка и грижа.

Индивидуално сместување за барателите на азил во иднина нема да биде можен, а новата влада планира и да ја укине паричната помош, и да воведе исклучиво помош во потребни работи.

Покрај тоа при поднесување молба за добивање азил на барателот, според планот на владата, треба да му се одземе целиот имот кој го има кај себе за да се покријат трошоците за снабдување.

Подносителот на барањето за азил треба на властите да им го стави на располагање и мобилниот телефон, за врз основа на личните податоци да се утврди рутата на патувањето и идентитетот на лицето.

Планирано е и скратување на роковите за жалба, како и негативниот одговор доколку не биде можно да се утврди идентитетот.

Според програмата на владата на Австрија треба да се врати режимот на Шенген дури откако ќе биде сопрена илегалната миграција и обезбедена надворешната граница на ЕУ.