Новата владата ќе ја предводи новиот лидер на СДСМ

од Берта Китинска
228 прегледи

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер.

„Ќе побарам да биде свикан Централниот одбор во вторник за да се констатира оставката и да почне веднаш постапката за избор на нов претседател на СДСМ, Сите што прават драми и го лажат народот, еве зборот е збор“, рече Заев .

Toj потврди дека заминувањето е конечно и во иднина, и партијата и владата треба да добијат нов предводник, а функциите, според него, треба да ги преземе една личност.

„Ако се гледа како се поставките по Устав, до 14 декември не се стига за изборот на нова влада и нов мандатар. Логично е СДСМ да го искористи овој период и да го избере својот претседател. Затоа ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата. Зборот е збор и ќе се радувам да дочекам ваква големина и даден збор од други политичари. Ако се успее во целиот овој период, а верувам дека може, СДСМ да има избрано претседател тој би требало да биде идниот мандатар односно да предложи нова Влада. Кога имате нов мандатар, треба да имате и нова влада, а не реконструкција на влада“, нагласи Заев.