Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март- Денот на правосудството.

На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.
Новиот објект на Кривичниот суд ќе има 25 судници и многу подобри услови за работа. Во меѓувреме се чека да завршат процедурите во Катасатарот и да се добие употребна дозвола, истакна Џолев.