192
Крилото на Рома, Ченгиз Ундер добил повреда за време на кампот на репрезентацијата на Турција и е под прашање и за двата натпревари против Барселона од четвртфиналето на Лигата на Шампионите, пишува „Калчомеркато“.
Дваесет-годишниот талент има повреда на левото колено и сигурно ќе ја пропушти контролната средба на Турција против Ирска.
Селекторот на тимот, Мирчеа Луческу потврди за повредата на играчот на прес-конференција пред средбата.
Медицинскиот штаб на Рома веднаш бил известен, а од Рим ќе ја повикаат назад својата нова ѕвезда, за да може да помине низ медицински тестови и терапии пред претстојните дуели на тимот во Серија А и Лигата на Шампионите.
Ундер има 6 гола во 24 натпревари во сите турнири за „џаларосите“ во оваа кампања.