Преку последниот ковид-извштај, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а дека се потврдени 14 нови случаи на Ковид-19.
Според објавеното, билансот по градови изнесува: 10 случаи во Скопје и по 1 случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.
Регистрирани се и 103 оздравени пациенти од, односно од Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2 и по 1 од Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип.
Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Битола-28, ГОБ 8-ми Септември-5, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена -159, Биотек-345, Систина-121, Ремедика-30, Плодност–44, Никоб лаб-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 568.