Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа починаа нови 26 лица како последица на заразата со Ковид-19.
Најмладиот од нив е 30-годишно лице од Скопје.
Седум пациенти се од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г).
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупно досега во Македонија починаа 2.077 лица од коронавирусот.