Отворањето на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ и новите 360 работни места се потврда за добрите економски политики што ги водиме и стабилната инвестициска клима која ја создаваме во земјава., напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук.
-Во услови на криза, отворањето на нови подобро платени работни места е од огромно значење за подобрување на стандардот на граѓаните и економскиот развој на земјата. Инвеститорите препознаваат дека Северна Македонија е добро место за вложување, овде имаат поддршка и одлична услуга, но пред сѐ трудољубиви и лојални работници. Упатувам честитки за „Кемет електроникс“, посакувам уште поголем извоз и секако уште посреќни и позадоволни работници, пишува Ковачевски.