Нови 37 починати од коронавирус, сите во болнички услови

од Nikola Popovski
243 прегледи

Министерството за здравство информира дека повторно има висок број на починати од коронавирус. Во последните 24 часа, регистрирани сe 37 смртни случаи.

Според билансот, 10 починати лица се од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ),3 починати лица од Гостивар (81г, 66г, 58г ), 2 починати лица од Кочани (78г, 63г ), и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.

Слични содржини