Нови 3D-слики на смартфонот на Xiaomi со дисплеј на преклопување

од Vlatko K
134 прегледи

Xiaomi е меѓу производителите кои работат на паметен телефон со дисплеј на преклопување, а
неодамна дури видовме видео во кое основачот и претседател на компанијата Лин Бин покажа
негов прототип во акција.

Vouwbare smartphones

Сега од компанијата објавија и официјална изјава за очекуваниот модел и нејзиниот процес на
дизајнирање и развој. Заедно со ова може да се видат и предизвиците кои ги носи со себе развојот
на ваков тип на дисплеј и механизам за преклопување, како и софтверската реализација на MIUI
при различни конфигурации на екранот. Изјавата на компанијата јасно покажува дека екранот се
развива со партнерска компанија. Механизмот за преклопување и MIUI се направени од Xiaomi.


Благодарение на Lets Go Digital располагаме и со компјутерски генерирани 3D слики на уредот, кои
се составени врз основа на претходни истекувања на информации. Графичкиот кориснички
интерфејс, кој го гледаме, сепак не претставува завршена верзија на идниот MIUI. Самиот уред има
два дела кои се отвораат и собираат зад структурата. Во преклопената состојба, само средниот дел
на екранот ќе биде активен. Во отворени режим, телефонот буквално се претвора во таблет со
рамки околу целиот екран.

На сликите не се гледа камера, бидејќи не беше видена во претходно споделеното видео. Може да
се наоѓа зад централниот дел и да се користи во проширениот формат на уредот. Достапно е
хардверско копче, лоцирано централно во горниот дел на смартфонот, а одоздола на
конструкцијата се наоѓа USB Type-C порта. Исто така треба да има звучник во горната рамка.

Во голема мера, други аспекти на уредот се досега непознати. Според достапните до моментов
информации компанијата избира меѓу две имиња на прототипот – Xiaomi Dual Flex и Xiaomi MIX
Flex. Меѓутоа, во подоцнежна фаза, може да се избере сосема друго име