Изминативе 24 часа од направени 2549 тестови добиени се 415 позитивни резултати на Ковид-19, соопштија денес од Министерството за здравство.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Според дневниот извештај, регистрирани се и 244 оздравени пациенти и тоа од градовите: Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.