Нови 528 лица починаа од КОВИД-19 во Италија

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Во последните 24 часа во Италија, 528 лица починаа од ефекти на инфекција со коронавирус, или вкупно 60.606 лица.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека инфекцијата е потврдена кај 13.720 лица во последните 24 часа. Во исто време, бројот на заразени лица се зголеми на 1.742.557 лица.

Има 748.819 активни случаи, додека на единиците за интензивна нега има 3.382 лица.

Исто така, бројот на оздравени е поголем за 19.638 и изнесува 933.132.

Врховниот институт за здравство на Италија (ISS) во последниот извештај наведува дека просечната возраст на смртност е 80 години.