Нови 6 случаи на коронавирус, нема починати лица

од Берта Китинска
283 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица – 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од:
Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се 3.147 тестови преку: ИЈЗ-388, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–20, МАНУ-49, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-210, Биотек-185, Систина-125, лабораторија Лаор-220, Синлаб-19, Ремедика-12, Плодност–40, Генеа–45, Никоб лаб-415, ВФВ Медикал-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.103.

Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.

Слични содржини