Од 3.748 тестови, регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од: Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2, Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19.