Нови 874 заразени во Црна Гора, Подгорица под клуч од петок на полноќ

од Stefanija Kuzmanovska
457 прегледи

Здравствените власти на Црна Гора во средата регистрираа 874 новоинфицирани со коронавирус, продолжувајќи со серија дневни рушења на рекорди по бројот на заразени на дневна основа, што доведе до ограничувачки мерки во Подгорица и неколку други црногорски градови.

Според Црногорскиот институт за јавно здравје, во последните 24 часа биле анализирани примероци од 2.004 лица, од кои 874 биле позитивни на хронавирус.

„Бројот на пациенти во моментов е 5.638, што е 895 на 100.000 жители“, соопшти институтот.

Како и претходните денови, дури половина од позитивните се од Подгорица.

Според епидемиолозите, ненадејното зголемување на бројот на пациенти е последица на непочитување на епидемиолошките мерки и масовните собири во претходните денови, пред се на погребот на митрополитот на Српската православна црква Амфилохије, на кој присуствуваа неколку илјади граѓани. Поради алармантната епидемиолошка состојба, Институтот за јавно здравје донесе одлука за воведување на построги епидемиолошки мерки во Подгорица, Цетиње, Будва и Улцињ, кои ќе започнат да се применуваат во петок на полноќ.

Во овие градови, угостителските објекти и училиштата се затворени, а исто така е забрането да се собираат во станови и куќи лица кои не се членови на заедничко домаќинство. Овие мерки, беше најавено, ќе важат најмалку 14 дена. Ваквите мерки дадоа резултати во септември и октомври во неколку црногорски градови, каде бројот на пациенти нагло се зголеми по политичките митинзи за време на парламентарните избори, па епидемиолозите очекуваат истото во Подгорица, каде живее третина од населението на Црна Гора.