Нови американски закани до Русија: Ќе воведуваме санкции за „Северен тек 2“ додека не го запреме!

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Кристофер Робинсон изјави дека Вашингтон ќе продолжи да воведува ограничувања против гасоводот „Северен тек 2“ се додека не го запре.

– Јас би рекол дека овие санкции делуваат и ние ќе го запреме тој гасовод. Не сакаме да воведуваме санкции, но ќе ги искористиме тие овластувања и инструменти за да го суспендираме проектот – рече Робинсон за време на онлајн конференцијата на Атлантскиот совет.

Тој додаде дека суспензијата на „Северен тек 2“ може да биде услов за подобрување на односите меѓу Русија и Соединетите држави.

– Ако сакаме постабилни односи со Русија или се стремиме да ги подобриме односите со Русија, тогаш треба да запреме и да го зауздаме штетното влијание на Русија заради тие идни американско-руски односи, и затоа треба да ја запреме изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ – заклучи Робинсон.

„Северен тек 2“ предвидува изградба на две гранки на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, што ќе бидат испорачани од брегот на Русија преку Балтичко Море до Германија.

Слични содржини